Често поставувани прашања

 РЕГИСТРАЦИЈА:

  1. Дали морам да бидам регистриран корисник на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ за да ја користам веб продавницата?

За да извршите нарачка и имате увид во статусот на Вашата нарачка или пак да испратите профактура/понуда на вашата електронска пошта, потребно е да бидете регистриран корисник на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ.

  1. Кои лични податоци се потребни да ги оставам при процесот на регистрација?

Доколку се регистрирате како физичко лице, информациите кои се потребни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и телефон за контакт. Доколку се регистрирате како правен субјект, информации кои се потребни за регистрација се име на компанијата, адреса, телефнски број за контакт.

  1. Дали ќе се почитува приватноста на моите податоци?

Да. Вашите податоци се користат исклучиво за успешна достава на нарачките кои ги извршувате и за реализирање на уплатата, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни. Политиката на приватност на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ можете да ја прочитате во целост во Политика на приватност

  1. Имам нов телефонски број. Дали можам да ги променам моите податоци откако ќе се регистрирам?

Да. Вашите податоци можете да ги промените во делот „Моја сметка“ преку линкот “Преглед и промена на информации”.

 

ПРОДАЖБА:

  1. Дали сите производи што се прикажани во каталогот ги имате во вашиот магацин?

Дел од производите ги имаме во нашиот магацин, дел од нив ги се во магацинот на нашите добавувачи.

  1. Колкав е рокот на испорака на продуктите?

Има 4 типови на залиха, која е означена на секој производ.

  • Производите со залиха ВЕДНАШ ги имаме моментално во нашиот магацин и се испорачуваат истиот ден.
  • Производите со залиха “48 ЧАСА” ги испорачуваме од магацинот на нашите доставувачи. Нарачки имаме секој ден. Доколку ја направите нарачката до 12:00, испораката ќе биде истиот ден, во спротивно нарачката ќе Ви ја испорачаме следниот работен ден.
  • Производите со залиха “ПРАШАЈ” се производи за кои што немаме точна информација за залихата од нашиот доставувач. За вакви производи јавете се или пратете ни е-маил за да Ви дадеме информација за испораката.
  • Производите со залиха “НЕ” не сме во можност да ги испорачаме, но за нив може да се направи нарачка. Испораката е 7-10 работни дена. Некои производи можеби воошто нема да може да бидат испорачани.
  • Производите со залиха “НА БАРАЊЕ” се продукти кои ги набавуваме по нарачка. Испораката е од 1-3 недели. Ве молиме јавете се за подетални информации и ние ќе се обидеме да го набавиме овој производ за Вас.

 

ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ го задржува правото за промена на цените на производите без никаква претходна најава, не одговара за можните грешки, сите производи не се секогаш достапни во продавницата, дел од производите се порачуваат, сликите и боите на производите може да се разликуваат од реалните продукти.

  1. Што значи да се биде партнер на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ?
  2. Како можам да станам партнер на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ?
  3. Дали можам како физичко лице да станам партнер на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ?
  4. Кои се бенефициите ако станам партнер на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ?

 НАРАЧКА:

  1. Дали морам да поседувам кредитна картичка за да извршам нарачка?

За брзо и едноставно плаќање на потврдената нарачка можете да користите платежна картичка. Доколку не поседувате платежна картичка, уплатата можете да ја извршите во било која банка, врз основ на изгенерирана профактура кога ја добивате на Вашата електронска пошта со која сте регистриран/а на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ.

  1. Дали моите банкарски податоци кои ги внесувам се безбедни?

ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ не чува никакви информации во врска со финансиските трансакции кои ги вршите, бројот на банкарска сметка или платежната картичка. Трансакцијата се врши преку безбеден линк на Стопанска банка АД – Скопје за наплата од кредитни картички.

  1. Каде можам да ги проверам нарачките кои сум ги извршил/а?

Доколку сте регистриран корисник на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ, со најавување на системот имате можност за преглед и следење на извршените нарачки во делот “Моја сметка” (my account) преку линкот “Мои нарачки” (My Orders).

  1. Што значи статусот на мојата нарачка “Чека потврда за залиха”?

Откако ќе ја комплетирате нарачката, таа е во фаза на чекање потврда од наша страна за количината која ја имаме на залиха и времето на испорака.

  1. Што значи статусот на мојата нарачка “Чека потврда од комитент”?

Откако ќе бидете информирани за колчината која ја имаме на залиха и времето на испорака, Вие треба да ја потврдите нарачката доколку се согласувате со условите. Доколку не се согласувате со времето на испорака на целта нарачка или некој од продуктите кои сте ги нарачале, тие продукти можеме да ги отстраниме од нарачката или да ја откажете нарачката во целост.

  1. Што значи статусот на мојата нарачка “Чека уплата”?

Доколку сте се согласиле со количината и времето на испорака на нарачката, треба да продолжите со вршење на уплата. Тоа можете да го сторите со платежна картичка или со изгенерирана профактура преку копчето,  која ќе ја добиете на вашата електронска пошта.

  1. Што значи статусот на мојата нарачка “Во фаза на испорака”?

Откако ќе ја извршите уплатата за Вашата нарачка, и доколку сте одбрале начинот на испорака да биде “Достава на адреса”, нарачката добива статус “Во фаза на испорака”.

  1. Дали можам да откажам веќе потврдена нарачка?

Веќе потврдената нарачка не можете да ја откажете. Доколку не сакате да ја потврдите извршената нарачка, тоа треба да го направите кога нарачката има статус “Чека потврда од комитент” (Точка 5).

  1. Како ќе бидам известен/а за статусот на мојата нарачка?

Штом се промени статусот на вашата нарачка, Вие ќе добиете известување на електронската пошта која сте ја навеле при регистрација на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ. Исто така, доколку се логирате со Вашето коричко име и лозинка, во делот “Моја сметка”-> “Мои нарачки” преку линкот Преглед на моите нарачки можете да ги видите нарачките кои сте ги извршиле и нивниот статус.

 

ПЛАЌАЊЕ:

  1. На кој начин можам да го извршам плаќањето?

Плаќањето можете да го извршите со платежна картичка доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката, а наплатата се извршува преку нашиот партнер Стопанска банка АД – Скопје.

Исто така, плаќањето може да се изврши и по генерирана профактура која ја добивате на електронската пошта која сте ја навеле при регистрација на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ. По извршената уплата се испорачува нарачката.

Плаќањето можете да го извршите и при подигнување на нарачката во готово или со картичка. За повеќе информации можете да не контактирате на +389 2 2443 555, +389 78 280 004.

  1. Кога треба да ја платам извршената нарачка?

Откако ќе ја подврдите нарачката која била со статус “Чека потврда од комитент” треба да ја извршите уплатата. Во тој случај, статусот на нарачката се менува во „Чека уплата“.

  1. Што се случува ако сакам да откажам платена нарачка, или одреден продукт не сте во можност да го испорачате?

– Доколку не сме во можност да Ви испорачаме некоја компонента Ви го враќаме комплетниот изност што сте го платиле

– Доколку откажете нарачка пред да достигне статус „Во фаза на испорака“ Ви го враќаме полниот износ што го имате уплатено

– Доколку откажете нарачка со статус „Во фаза на испорака“ сумата која сте ја платиле ќе Ви биде вратена, намалена за износот на трошокот за достава.

 

ИСПОРАКА:

  1. За колку време ќе биде испорачан производот и дали ќе морам да платам за тоа?

– Сите производи се испорачуваат во определениот рок и под услови кои купувачот ги одобрил при потврдувањето на нарачката.

– Откако ќе ја платите нарачката, ние ќе ви ја испорачаме на адресата која сте ја навеле како адреса за испорака, доколу сте одбрале начинот на достава да биде “Испорака на адреса”.

– Испораката е БЕСПЛАТНА за онлајн и жирално плаќање. За плаќање при испорака цената е 150 денари + 1% од вкупната сума за достава.

– Бесплатната испорака е во рок 1-4 работни дена за Скопје и Македонија. За населени места надвор од Скопје, помали градови, села испораката е 2-7 работни дена.

– Овие цени важат за производи до 10 килограми. Цените за поголема тежина или поголем габарит се менливи.

– Постои можност за ИТНА испорака. Во овој случај клиентот плаќа испорака дирекно на курир службата со цена по договор со курир службата.

Доколку не сакате да ја искористи услугата за достава на нарачка до одредена адреса, нарачката може да ја подигнете од просториите на ДТПЗ БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ДООЕЛ СКОПЈЕ.

 

  1. Како можам да одберам каде да ми биде испорачана нарачката?

Изборот на начинот на испорака можете да го направите при преглед на кошничката, пред комплетирањето на нарачката.

 

РЕКЛАМАЦИЈА:

  1. Каде да се пожалам доколку имам проблеми со испораката?

Доколку производот е испорачан во оштетена состојба или одреден производ недостасува од нарачката, треба веднаш да ја пријавите рекламацијата на нашата е-мејл адреса или на телефон +389 2 2443 555, +389 78 280 004, за брзо да се исправи направената грешка. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

  1. Дали доколку ја вратам нарачката во рок од 14 работни дена по приемот на нарачката, парите кои сум ги уплатил/а ќе ми бидат вратени?

Да. Доколку сакате да вратите нарачка, тоа можете да го сторите во рок од 14 дена по приемот. Сумата која сте ја платиле ќе Ви биде вратена, намалена за износот на трошокот за достава.